Обележана 106 годишнината од смртта на учителот Петар Михов

ImageДелегација од Општина Велес денес се поклони пред гробот на Петар Михов во црквата Свети Спас. Омилениот учител Петар Михов македонската историја го памети и како директор на Гимназијата во Велес, учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО.  Во април 1902 година е одведен во скопскиот затвор Куршумли Ан, каде е ѕверски мачен и на 6 мај пронајден мртов во својата келија.

(06.05.2008)