Слободата на медиумите под знак прашалник
Градоначалникот Аце Коцески на средба со новинарите јавно изрази жалење за пресудата за новинарот Стоилко Андреевски, кого по тужба на Чедо Петров, велешкиот Основен суд го казни за објавен на текст во „Вечер“ во кој пренесува информации од невладините организации за вмешаноста на Петров во битката за сопственост на велешката топилница.
„Немам намера ниту право да ги коментирам одлуките на судот. Жалам за тоа што му се случи на доајенот на македонското новинарство, Стоилко Андреевски.
Сметам дека не е добро ова што се случува во Македонија. Не случајно во извештајот на Human right watch Македонија е рангирана на дури 100-то место во поглед на слободта на медиумите. Општина Велес ќе продолжи заедно со новинарите и НВО секторот да ја води битката за обезбедување на здрава животна средина во Велес“, рече Коцевски.
(07.05.2008)