Одбележување на Денот на општината

ImageВо рамките на одбележувањето на Денот на општината, на 7-ми ноември, во Домот на културата беше организиран крводарителска акција. Акцијата ја организираа Месната заедница „9-ти Ноември“ и Општинската организација на црвениот крст.
Истиот ден Свечено беше предаден во употреба реновираниот Дом на невладини организации.
Домот во сопственост на Општина Велес, во кој покрај Центарот за поддршка на невладините организации свои канцеларии имаат уште седум здруженија на граѓани од Велес, свечено го предадоа во употреба, Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес, Слободанка Марковска –Претседател на Управниот одбор на ФИООМ и Калин Бабушка, претставник на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Image За љубителите на спортот, во Спортската сала „Парк Спорт“ се одржа натпревар во мал фудбал помеѓу Репрезентацијата на Република Македонија и Репрезентацијата на Велес.

Љубителите на класичната музика имаа несекојдневна можност на едно место во поливалентниот простор на Основното училиште „Блаже Конески“ да го проследат концертот на велешките млади таленти Тоше Темелков-пијано, Александра Мирсинова-виолина и Андријана Димитриевска-пијано. Со свое гостување вечерта ја надополни Дарко Кавранов-саксофонист. Младите таленти ја воодушевија велешката публика со изведбата на познати дела од Бах, Бетовен и Шопен.

Image На задоволство на љубителите на ликовната уметност, во холот на општината, свечено беше отворена изложбата насловена „Во потпис Велес“, на академскиот графичар Александар Јовановски. Изложбата ја отвори Градоначалникот Аце Коцевски кој потенцираше дека во делата на Јовановски изработени во специфична и ефектна техника доминира љубовта на авторот кон родниот град и восхитот од староградската архитектура. „Александар Јовановски еиме што допрва доаѓа на македонската сликарска сцена и кое верувам ќе ги освои сите уметнички простори“, рече Коцевски. Отворањето на изложбата беше проследено со огромен интерес од граѓаните на Велес и присутните гости од Македонија и странство.