Противпожарна опрема од Велика Британија за Општина Велес
Во рамките на ПРОЕКТОТ „ОПЕРАЦИЈА ФЛОРИАН“ што Општина Велес заедно со уште 4 општини го реализира во соработка со Фондацијата „Чарити“ и Противпожарната единица од Манчестер Велика Британија, Територијалната противпожарна единица на Општина Велес ќе добие вредна опрема и обука за пожарникарите.
Опремата се состои во Едно противпожарно возило со целосна опрема, марка Волво.
• Едно Возило (комбе) за пренос на компресор за полнење на апарати за дишење
• Компресор за апарати за дишење
• Тринаесет метарска и две помали скали за акции за спасување.
• Апарат за спасување во случај на сообраќајни несреќи,
• Униформи, црева, и друга пропратна опрема,
• како и еден компјутер за потребите на територијалната противпожарна единица.
Во Велес ќе пристигне и група обучувачи од Манчестер кои ќе престојуваат овде почнувајќи од 12 мај и во наредните две недели ќе ги обучуваат пожарникарите околу примената на европските стандарди и користењето и одржувањето на опремата.

Станува збор за многу значаен проект на државно ниво во кој покрај Општина Велес се вклучени и Дирекцијата за заштита и спасување, како и градот Скопје и Општините Гостивар, Тетово и Свети Николе.
Целта на проектот е да се применат ЕУ стандардите во оваа област и во Република Македонија, започнувајќи од законодавството до конкретни активности на теренот.