Најава за учеството на Градоначалникот на Конвенција во Мароко

Тангир - МарокоНа покана од Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП , од 12-14 мај годинава, градоначалникот на Општина Велес ќе учествува на Конвенцијата  за регионален и локален пристап кон развојот што од 12-14 мај ќе се одржи во Тангер, Мароко.
 
Главен организатор на настанот покрај канцеларијата на УНДП во Мароко е Конференцијата на периферните крајбрежни европски региони во кои е вклучен и Балканската и Црноморска Комисија. Во конференцијата членуваат вкупно  154 региони од  26 држави со 170 милиони жители. „Верувам дека овој настан ќе биде драгоцено искуство за Велес и пред се развојот на Вардарскиот плански регион. Упатувам благодарност за поканата и довербата на УНДП“,  на прес конференција изјави градоначалникот Аце Коцевски пред заминувањето во Мароко.