Старт на ОПЕРАЦИЈА ФЛОРИАН

ImageВо кругот на Територијалната единица за противпожарна заштита - Велес, Градоначалникот Аце Коцевски и Џејмс Копли, одговорен за одржување на противпожарните возила во проектот Операција Флориан извршија свечено примопредавање на возилата и противпожарната опрема што со овој проект ја обезбедија фондацијата Чарити и противпожарните едници на Велика Британија.

Градоначалникот Коцевски, во присуство на претседателот и членови на Советот на Општина Велес, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР-Велес и медиумите, им посака добредојде на  учесниците во Операција Флориан. Во името на сите граѓани на Велес тој упати благодарност за напорите на пожарникарите од Манчестер и други градиви во Велика Британија кои поминаа илјадници километри за да ја донесат опремата во Велес. Од своја страна Џејмс Копли ги информираше присутните за проектот Флориан кој според најавите ќе трае повеќе од две години и ќе вклучи обука на пожарникарите од Македонија. Целта на проектот е имплементација на европските стандарди во областа на противпожарната заштита и заштитата и спасувањето.  
 
ImageImage

Во рамките на проектот општината доби вредна опрема:

•    Едно противпожарно возило со целосна опрема, марка Волво.
•    Едно Возило (комбе) за пренос на компресор за полнење на апарати за дишење
•    Компресор за апарати за дишење
•    Тринаесет метарска и две помали скали за акции за спасување.
•    Апарат за спасување во случај на сообраќајни несреќи,
•    Униформи, црева, и друга пропратна опрема,
•    како и еден компјутер за потребите на територијалната противпожарна единица.


Во наредните две недели група од 5 обучувачи од Велика Британија  ќе ги обучуваат пожарникарите околу примената на европските стандарди и користењето и одржувањето на опремата.

Покрај Општина Велес, во проектот   се вклучени и Дирекцијата за заштита и спасување, како и градот Скопје и Општините Гостивар, Тетово и Свети Николе.
 
(09.05.2008)