Покана - Информативна трибина за HACCP системот
Општината Велес, во соработка со Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство на Република Македонија, Ве поканува да присуствувате на информативна трибина за HACCP системот што ќе се одржи во просториите на Општина Велес (голема сала) на 19.05. 2008 година (понеделник), со почеток во 13 часот. Согласно важечките законски прописи на Република Македонија, HACCP системот за безбедност на храна задолжително треба да биде имплементиран до 01.01.2009 година.
Целта на оваа трибина е да им се укаже на стопанствениците (производство на храна, угостителски објекти каде се подготвува и послужува храна, објекти што работат со промет на храна и сл.) на потребата од итно исполнување на законските обврски и начините на понатамошна контрола на безбедноста на храната од страна на инспекциските органи. Воедно, присутните стопанственици ќе бидат информирани за принципите на HACCP системот и ќе можат директно да дискутираат со претставниците од надлежните институции.
Организацијата на трибината е поддржана од ГТЗ МАФП проектот, во соработката со Општина Велес, регионалната занаетчиска комора, стопанските комори, АППРМ и други.