Најава - ПАРАДА НА МАТУРАНТИ

ImageНа 16 мај (петок), со почеток во 12 часот, на паркинг-просторот пред зградата на Основниот суд, велешките матуранти ќе им се придружат на своите врсници од Словенија, Австрија, Германија, Хрватска, Србија и други европски земји и ќе го заиграат танцот „Квадрил“ од операта „Лилјакот“ на Штраус.

 


Веднаш по традиционалниот танц на матурантите следува забава во чест на генерацијата матуранти 2008.

Општина Велес ги поканува средношколците и сите граѓани на Велес, со своето присуство да им дадат поддршка на велешките и македонските матуранти во традиционалната европска „Парада на матурантите“.