Свечено предавање во употреба на надвозник

ImageЦентралното одбележување на 61-та годишнина од ослободувањето на Велес се одржа на 8-ми Ноември, најпрвин со свечено предавање во употреба на новоизградениот надвозник и дел од улицата „Луј Пастер“ во населбата „Керамидна“.
Пред голем број присутни граѓани и гости, надвозникот и асфалтираниот дел од улицата „Луј Пастер“ во употреба ги предадоа Градоначалникот Аце Коцевски и Билјана Лазаревска, извршен директор на Проектот за развој на општините, поддржан од Светска Банка со чија помош е реализиран проектот. Вкупната вредност на проектот по тендер изнесува 3 891 316,00 денари, од кои 12 % се учество на Општина Велес. Во изградбата на уливата „Луј Пастер“, учеството на Општината изнесува 1 000 000,00 ден. Изградбата на надвозникот и асфалтирањето на улицата „Луј Пастер“придонесе за инфраструктурен развој на овој дел од градот и истовремено овозможи безбедност за жителите на населбата „Керамидна’, особено за учениците кои во изминатиот период беа принудени да ја преминуваат пругата на патот кон училиштето. Свеченоста беше збогатена со настап на КУД „Керамичар“ и „Распеани Велешани“.


Image