Обука за претпристапните фондови на ЕУ

ImageОпштина Велес, во соработка со Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, организираше бесплатна обука за Инструментот за предпристапна помош (ИПА). Обуката се одржи на 15 и 16 мај 2008 година во  Велес. Во рамките на обуката детално беа претставени оските на делување во рамките на петте компоненти на ИПА фондовите, како и начинот на управување со помошта од ЕУ во Република Македонија.

Со цел да се обезбедат силни капацитети за искористување на фондовите, на обуката земаа учество  претставници од различни сектори (општинска администрација, јавни претпријатија, бизнис и  нво-сектор).
 
ImageImage 
 
(16.05.2008)