Музика во чест младоста

ImageНа 16 мај годинава, 104 велешки матуранти се придружија на своите врсници во Македонија и шест земји од Европа во кои традиционално, точно напладне во ист чекор танцуваат „Квадрил“ од операта „Лилјакот“ на Штраус. Атрактивната „Парада на Матурантите“ годинава во Република Македонија ја организираше Центарот за култура и уметност од Скопје во соработка со „Ритам плус“. Општина Велес беше носител на манифестацијата во Велес, а велешките матуранти за танц ги подготви кореографот Цветанка Пајдакова.

Покрај Велес во танцот беа вклучени и градот Скопје и општините Охрид и Струмица. Матурантите ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој им го честиташе матурирањето и полнолетството и им посака многу успех во животот. Велешките матуранти заедно со своите врсници се обидоа да го срушат досегашниот светски рекорд во синхронизирано танцување. Подвигот во „Парадата на матурантите“ веќе аплицираше за „Гинисовата книга на рекорди“. Додека ги очекуваме резултатите, ги имаме прекрасните впечатоци од несекојдневното попладне  од центарот на Велес, настан кој како што најави градоначалникот Аце Коцевски за медиумите треба да прерасне во убава велешка традиција. А дека „Парадата на матурантите“ веќе е широко прифатен настан  потврди и присуството на граѓаните кои дојдоа да ја поддржат младоста на Велес.
 
ImageImage
 
ImageImage 
 
(16.05.2006)