Активирање на тужбата против Република Македонија

ImageОпштина Велес ја активира тужбата против Република Македонија заради штетите нанесени од тридецениското работење на топилницата. Како тужител, покрај Општина Велес се јавуваат и невладините организации , членови на Зелената Коалиција. „Со нетрпиение ќе очекуваме да заврши судскиот спор, без оглед дали ќе биде позитивен или негативен,. Доколку биде негативен, веднаш ќе покренеме постапка во Судот за човекови права во Стразбур од каде што очекуваме сигурно добивање на процесот.

Нашите темелни определби како тужители се дискриминацијата на граѓаните на Општина Велес и неможноста да го остварат основното човеково право, правото на здрава животна средина кое е дефинирано како една од темелните вредности на уставниот поредок“, рече градоначалникот Аце Коцевски на  прес конференцијата одржана на 22 мај.  Тој најави дека врз основа на иницијативата на д-р Атанас Василев, член на Советот на Општина Велес, на претстојната Седница на советот во понеделник, ќе предложи формирање на Одбор за спас на Велес од топилницата во кој ќе влезат Градоначалникот, членови на советот истакнати лекари и интелектуалци, со цел поорганизирано и покоординирано Велес да се протистави на можното рестартирање на топилницата.

Image