Врачување на спортска опрема на училиштата

ImageСо цел да се афирмира и развива масовниот спорт, Општина Велес во Програмата за активностите од областа на спортот за 2008 година предвиде лига систем натпревари во мал фудбал и одбојка за учениците од основното и средното образование. Почетокот на лига систем натпреварите се организира во чест на Денот на просветата 24 мај на свечен начин со смотра на сите екипи учесници.
Oд Буџетот на Општина Велес се идвоија 200.000 денара за набавка на дресови за екипите што учествуваат во овие натпревари.На овој начин и директно Општина Велес го стимулира развојот на масовниот спорт и вложува во опремување на училиштита.

Денес Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски на општинските основни и средни училишта им врачи дресови и шорцеви за вкупно 39 екипи или 468 ученика и го изрази задоволството што во реализацијата на овој спортски настан се вклучени Сојузот на спортови, Сојузот на училишен спорт  и наставниците по физичка култура од основните и средните училишта.
 
(20.05.2008)