Одбележан денот на сесловенските просветители

ImageСо свечена академија во големата сала на Општина Велес, во превечерјето на празникот беше одбележан 24 Мај, Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј  и Ден на просветните работници. Присутните гости на свечената академија ги поздрави грaдонaчалникот Аце Коцевски, кој упати честитки до сите просветни работници: „Вие што денес го носите со себе жезолот на знењето што ви го оствија светите браќа Кирил и Методиј сте најважната алка во континуитетот на опстојувањето на македонскиот јазик и култура“.
 
ImageImage
 
По повод празникот, Градоначалникот Коцевски им додели пригодни признанија на најуспешните просветни работници во Велес за 2008 година: Анѓа Брашнарска, најдобар наставник во основното обрзование и Љубинка Ртовска, најдобар професор во средното образование. 
 
ImageImage 
 
Градоначалникот им додели пригодни награди и на најуспешните ученици на Државниот натпревар по информатика што по повод празникот, на 23 мај се одржа во ООУ „Блаже Конески“. Првото место во областа апликтивни вештини го освои Марија Попчева од Велес, а најдобар во областа алгоритамски вештини беше Денис Мазникар од Штип.
 
ImageImage

Свечената акдемија беше збогатена со пригодна културно уметничка програма во чии рамки настапија Благој и Бојан Маротови, Маријана Николовска и Сања Шуплевска кои на контрабас, пијано и виолина изведоа дела од Сентсанс, Мишек, Пиацола, Крајслер, Гершвин и Монти Чардаш. На свеченоста настапи и хорот при ООУ „Васил Главинов“.

Денот на просветните работници беше одбележан и со почетокот на лига системот на натпревари во мал фудбал и одбојка за ученици од основното и средното обрзование чиј старт свечено беше означен во салата на ЈП „Парк-спорт“.