Самостојна изложба на Владимир Величковски

Image

Во Среда 28.05.2008 год. во 19.30 часот во Ликовниот салон  во Велес ќе биде отворена самостојна изложба на слики на  проф. др. Владимир Величковски.

Авторот е Роден е во Скопје 1949 год.  Магистрирал Историја на модерната уметност на Филозовскиот факултет во Белград 1985 година, а докторирал на Филозовскиопт факултет во Скопје. Професор е на Академијата за ликовни уметности во Скопје.

Величковски е  еден од најплодните и најпознати македонски историчари на уметноста и ликовни критичари и автор е на бројни книги и монографии. Има реализирано 30 самостојни изложби е учесник на голем број на домашни и меѓународни ликовни колонии.

Величковски во Ликовниот салон ќе се престави со дваесетина  слики работени во масло и пастел.