Злоупотреба на општинскиот имот во партиски цели
„Наспроти сите укажувања дека е забрането да се користи имотот на општината за политички интереси во текот на изборите, за жал морам да ја известам јавноста дека во Урбаната заедница „Славе Петков“ и Месната заедница „Раштани“ направена е класична злоупотреба и прекршени се одредбите на Изборниот законик“, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ просториите на урбаната и месната заедница ги излепиле со плакати и ги претвориле во партиски штабови.
„Состојбата е уште полоша затоа што УЗ „Славе Петков“ истовремено е и избирачко место. Тоа е директно прекршување на член 78 став 8 од Изборниот законик кој не дозволува истакнување на плакати од кампања на избирачко место“, рече градоначалникот.
По реакцијата на Општината состојбите во УЗ „Славе Петков“ се надминати, но не и во МЗ „Раштани“ каде сеуште одбиваат да ги отстранат плакатите.
Градоначалникот Коцевски ги информираше новинарите и за злоупотребата на буџетски средства од страна на здружението на граѓани „Јени Хајат“. Наместо да ја организира манифестацијата „Денови на Кемал Ататурк“ утврдена во Прогамата за култура, здружението на граѓани дозволило настанот да се користи за претставување на кандидати од листата на ВМРО ДПМНЕ. Коцевски јавно побара од „Јени Хајат“ да ги врати средствата во износ од 30.000 денари кои како што рече „се средства на граѓаните на Велес и со нив не може да се финансираат партиски активности“
На средбата со новинарите тој укажа на упорното непочитување на правилата и лепење на плакати на места кои не се определени за тоа.
Коцевски го изкажа и своето разочарување од како што рече неетичките и нечовечни напади на ОК на ВМРО ДПМНЕ врз здруженијата на граѓани, членки на Зелената Коалиција со обвинувања дека застапуваат лични и партиски интереси. „Со жалење морам да констатирам дека одредени политички субјекти во нашиот град воопшто не водат сметка за заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Велешани доволно пропатија заради погрешната политика во минатото. Со нив или без нив граѓаните на Велес ќе ја извојуваат битката за здрава животна средина. Ако имаат доблест, треба да и се извинат на Зелената Коалиција“, рече меѓу другото Коцевски.

(27.05.2008)