Работилница: Етика на локално ниво
Програмата што ја спроведува ЗЕЛС во соработка со Совет на Европа, Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција и Министерството за локална самоуправа налага исполнување на утврдени задачи со цел да се постигнат подобрувања во примената на етичките стандарди транспарентност, нулта толеранција за корупција, учество на граѓаните,професионализам, отчетност и добро раководење.
а работилницата на која учествуваа претставници на Советот на Општина Велес, локални институции и установи како и претставници на општинската администрација и НВО секторот беше извршено оценување на примената на секој стандард поединечно. Во следната фаза на Програмата, во селектираните општини оценка на подобрувањата ќе вршат независни експерти. Најуспешните општини во програмата ќе имаат можност да ги видат искуствата на Полска во програмата „Транспарентна Полска“ и да ги споделат своите позитивни практики со другите општини во Република Македонија. Општина Велес упатува јавна благодарност до сите поединци кои со своето учество на работилниците за самооценување придонесуваат за успешна реализација на програмата.
(28.05.2008)