Активирана тужбата против Република Македонија
Општина Велес и Зелената Коалиција во Основниот суд во Велес ја поднесоа тужбата против Република Македонија поради необезбедување услови за примена на уставното право на граѓаните за живот во чиста и здрава животна средина.
Како што стои во тужбата со тридецениското загудавње со тешки метали направена е „повреда на член 8 од Уставот на Република Македонија, кој се однесува на уредувањето и хуманизацијата на просторот и унапредувањето на животната средина и природата“ и член 43 од Уставот „Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.
Во постапката против Република Македонија побараната оштета е во висина од една милијарда и петстотини милиони денари или 27.219 денари по жител. Како што најави градоначалникот Аце Коцевски независно дали одлуката на судот ќе биде позитивна или негативна, Општина Велес и Зелената коалиција ќе ја продолжат постапката во сите судски инстанци во државава како и во Судот за човекови права во Стразбур.
(03.06.2008)