Рацин мост помеѓу Самобор и Велес

ImageВо рамките на 45-те Рацинови средби, во Ликовниот салон е  отворена изложбата „Денови на Рацин“ што делегација на градот Самобор од Република Хрватска, предводена од градоначалникот Антун Дубравко Филипец ја донесе од градот пријател на Велес. Градоначалникот Филипец изрази задоволство што „Рацин нераскинливо ги поврзува Самобор и Велес кои во негово име и чест прераснаа во вистински градови пријатели“.

Задоволство од успешната соработка со Градот Самобор изрази и градоначалникот Коцевски кој на отворањето на изложбата порача „Велес стана симбол на Рациновото гнездо, Рациновото огниште.

Самобор е симбол на Рациновиот глас, на неговата бесценета социјална поезија преточена во една мала голема книга: Вечните „Бели Мугри“.

Верувам дека како Велес и велешани, Република Македонија ќе умее да ја цени оваа подадена рака, ова искрено пријателство во чест на Рацин и дека вечерва допрва се отвораат нови хоризонти за нашите граѓани“. Изложбата опфаќа содржини посветени на животот на Кочо Рацин во Самобор, каде во 1939-та година е отпечатена „Бели Мугри“.
 
ImageImage
 
(11.06.2008)