Рациновиот „Огномет“ на велешкото небо

ImageВо еден здив, во исто време, во Велес прозвучеа стиховите на Рациновата песна „Огномет“ и блеснаа звездите на вистински огномет на велешкото небо. Спектакуларното затворање на 45-те Рацинови средби никого не остави рамнодушен. На свеченоста, градоначалникот Аце Коцевски на годинешниот лауреат академик Луан Старова  му го додели престижното Рациново признание.
 
 Image Image
 
„Литературата има свои патишта кои во лавиринтот на душата се секогаш отворени. Така веруваше Рацин. Овој достоинствен град во мојот живот и творештво има посебно значење. Среќен сум што во куќата сесвет на Рацин ќе најде место мојата Балканска сага. Политичкото единство на Европа се протега дотаму до каде досега европската култура, вклучувајќи го овој достоинствен град. Градот на поетот кој своите стихови ги вгради во химната на човештвото“ , беа дел од емоциите на академик Старова кој престижното Рациново признание го доби за романот „Потрага по Елен Лејбовиц“.
 
Image Image
 
Градоначалникот Коцевски и проф д-р. Венко Андоновски го доделија и Почесното Рациново признание на академик Иван Доровски, за афирмацијата на македонскиот јазик и култура во Република Чешка. Во негово име, наградата ја прими академик Гане Тодоровски. Во чест на добитниците на Рациновите признанија, во амфитетараот во Младинскиот парк до многубројната побулика повеќе од еден час допираше музиката и гласот на Биља Крстиќ и Бистриќ оркестра. На свеченото затворање на јубилејните Рацинови средби присуствуваа поранешниот претседател Киро Глигоров, членови на семејството на Рацин, претставници на меѓународната заедница, академици, писатели, поети и бројни граѓани. За жал и овојпат Владата и Министерството за култура не препознаа вредност во одбележувањето на 100 години од смртта и 65 години од раѓањето на основоположникот на современата македонска литература Коста Солев Рацин и не испратија свој претставник на најспектакуларното издание на Меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“.
 
(12.06.2008)