Лопушник повеќе од тага
Традиционално и овој 13-ти јуни беше посветен на трагичната смрт на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин. По повод 65 години од кобниот ден кога Македонија го изгуби Рацин, делегации на Општина Велес и општините Кичево и Другово, Сојузот на борците. претставници на институции, организации и поединци од цела Македонија го посетија спомен обележјето на планината Лопушник, местото каде загина Рацин.
Дождот што се истури над Лопушник беше знак на тагата на еден народ кој не дочека повеќе златозбори од Рацин, ниту повеќе мисли за да ги сочува. Настанот беше збогатен со пригодна културно уметничка програма што ја подготвија учениците од Велес, Кичево и Другово.
(13.06.2008)