Фолклорен колорит во центарот на Велес
Во амфитеатарот во Младинскиот парк, на 26 јуни годинава, стартуваше петтото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ 2008. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски кој на учесниците им посака незаборавни денови во Велес. „Особено сум горд на фактот дека граѓаните на Велес ги негуваат обичаите и традициите на фолклорот“, рече Коцевски. 

На првата фестивалска вечер пред бројната публика во амфитеатарот настапија КУД „Завичај“ од Хрватска, КУД „Космај“ од Србија како и домашните ансамбли „Керамичар“ и „Распеани велешани“ од Велес и „Сехара“ од Горно Оризари“. Првата фестивалска вечер потврди дека велешани, претпочитаат летните ноќи да им ги посветат на културните манифестации, особено меѓународните каков што е фестивалот „Велес“. За верната публика на фестивалот, во следните денови ќе настапат фолклорниот ансамбл „Тиера колорадења“ од Костарика, „Елте’ од Унгарија, „Познан“ од Полска како и македонските ансамбли АКУД „Мирче Ацев“-Скопје, „Срма“-Битола, „Вила Зора“-Велес„Тодор Јанев“- Чашка и „Стоби“-градско и Македонија.


Во рамките на фестивалот, учесниците на 27 јуни, остварија средба со градоначалникот Аце Коцевски, на која беа разменети поздрави во прилог на мешуопштинската и меѓународната соработка.

(27.06.2008)