Општина Велес наградена за добро управување
Општина Велес доби три престижни награди за својата досегашна работа на планот на децентрализацијата. На 3-ти јули годинава, градоначалникот Аце Коцевски во Скопје ќе го прими признанието за добро управување на ФИООМ, прво од ваков вид во Република Македонија. Како што тој ги информираше новинарите на редовната прес конференција на 30-ти јули, „Велес го потврди приматот на најуспешна општина во Македонија, водечка во процесот на децентрализација“.
Општина Велес е наградена и во рамките на Програмата лидерски стандарди и најдобри практики во која аплицираше со 19 од вкупно 43 практики доставени од општините во Македонија. Три од аплицираните практики влегоа во шесте најдобри во Македонија.
Награда за добро раководење Општина Велес доби и во рамките на програмата „Етика на локално ниво“ на ЗЕЛС поддржана од ЕУ, ЕАР, Советот на Европа и УСАИД. Целта на програмата е да се зајакнат етичките принципи во работата на локалната самоуправа:
- Транспарентност
- Нулта толеранција за корупција
- Учество на граѓаните
- Професионалност
- Отчетност и добро раководење.
Наградата е студиски престој во Полска, каде во градовите Варшава и Краков ќе се вииди искуството на ова земја во спроведувањето на програмата „Транспарентна Полска“. Покрај престојот во Полска, општината со оваа награда е обврзана своите достигнувања и искуства да им ги пренесе на другите општини во Македонија.