ФИООМ ја награди Општина Велес

ImageНа свеченост организирана во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, градоначалникот Аце Коцевски го прими Признанието за добро управување што за првпат годинава ФИООМ го додели на институции во три категории. Општина Велес е наградена во конкуренција на 18 општини и вкупно 26 институции што аплицирале за наградата.
 
ImageImage 
 
Покрај Општина Велес во останатите две категории признание добија Царинската Управа на Македонија и МАПАС. Во образложението на наградата, членовите на Комисијата потенцираа дека со 76% Општина Велес покажала најсилни капацитети за добро управување. На свеченоста, градоначалникот Аце Коцевски упати јавна благодарност за наградата и поддршката од ФИООМ. Тој ги  презентираше досегашните успешни практики на општината како и проектот за корпоративно учество на граѓаните во реконструкција на Младинскиот парк кој ќе се реализира со средствата од признанието на ФИООМ во висина од 10.000 долари и во соработка со голем број фирми од Велес.
 
Image
 
Image
 
(03.07.2008)