Заврши „Папрадишки мајстори 2008“
Денес се заокружи десетдневното творење на 18 уметници, учесници на IV – тата Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“2008. На свечената средба што ја организираше Општина Велес, уметниците во свое име и во име на Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, ги поздрави Марија Настова, раководител на Сектор за општествени дејности во Општина Велес.
„Бројните дела со сигурност ќе бидат запис на Вашето творештво, а искрено се надевам дека одовде ќе понесете спомени за незборавно паметење и желба повторно да ни дојдете“.Присутните ги поздравија и Живко Пренџов, раководител на сликарскиот дел и Љубомир Бисин раководител на копаничарскиот дел на колонијата.
На средбата со која и официјално се одбележа завршувањето на IV –тата Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки Мајстори 2008“ на сите уметници им беа врачени признанија. Овогодинешни учесници на колонијата беа:
- Наташа Божарова - Скопје, Македонија
- Камен Крумов - Свиштов, Бугарија
- Александра Петрушевска - Скопје, Македонија
- Ванчо Кеков - Кавадарци, Македонија
- Тања Медарова - Скопје, Македонија
- Илчо Стојановски - Велес,Македонија
- Маја Стојанова - Скопје, Македонија
- Ѓоко Антониев - Пробиштип, Македонија
- Живко Пренџов - Велес, Македонија
- Никола Пијанманов - Струмица, Македонија
- Томаж Милач - Цеље, Словенија
- Ана Милетиќ - Ниш, Србија
- Цветанка Јованова - Неготино, Македонија
- Милован Ј. Бекоња - Крагуевац, Србија
- Тоде Вељановски - Скопје, Македонија
- Јордан Спасов - Свиштов, Бугарија
- Драган Зелениковски - Скопје, Македонија
- Зоран Ѓеорѓиевски - Штип, Македонија
- Љубомир Бисин - Велес, Македонија
Импресионираност беше општиот впечаток на сите учесници. Неспоредливо искуство,беспрекорна организација,пријателска атмосфера, простор што импресионира.... се само дел од исказите со кои учесниците ги пренесоа своите впечатоци. Во Годината на Рацин дел од своето творештво уметниците го посветија на нашиот поетски великан Коста Солев Рацин. Велешката јавност делата создадени на четвртата по ред Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ ќе ожат да ги погледаат на изложбата што Општина Велес ќе ја организира по повод 9-ти Ноември, денот на Општината.
(18.07.2008)