Започна Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби 2008“
Синоќа ѕвезденото јулско небо засветли уште посилно над античкиот град Стоби. Се запали фестивалскиот оган. Со извонредната изведба на Езоповиот текст „Лисицата и грозјето“ од страна на Театарот Город Долгопрудниј - Московска област од Руската федерација, свечено беше отворено седмото издание на Меѓународниот фестивал на Античка драма „Стоби 2008“. Гостите и присутните ги поздрави и го прогласи за отворен г-дин Драган Миладиновски, претседател на Организациониот одбор на Фестивалот.
„Тешко е во овие времиња да се обезбедат успешни ансмабли кои ги негуваат античките текстови, да се соберат и да се донесат овде, на овие праисториски простори каде уметноста оживува и се спојува со природата. И затоа посебна благодарност до организаторот - Општина Велес и Советот на Општина Велес кои и оваа година направија напори да заживее овој простор и да ни приредат незаборавни ноќи во Стоби.
На овие простори, на импровизираната природна сцена го снемува јазот меѓу античкото и модерното. И не е битен јазикот. Играта на актерите говори на јазик кој сите ние го разбираме.“
Во отсуство на градоначалникот на Општина Велес, господинот Аце Коцевски, Миладиновски топло им се заблагодари на ансамблите кои во наредниве неколку дена ќе настапат на Седмиот Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби 2008 “ и им посака пријатен престој во Велес и Македонија.
Свеченото отворање на фестивалот беше збогатено со настапот на Музичката група „Љубојна“ кои древниот простор го исполнија со звуците на стара македонска музика.
Вечерва во Стоби настапуваат К.Ц. „Скрб и утеха“ од Скопје во соработка со Н.Т. „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес со изведбата на текстот „За секогаш љубов“ и Петре Темелковски со самостојниот проект „Филип Втори“.
Фестивалските вечери продолжуваат на 28 јули, в понеделник, со претставата „Лисистрата“ во изведба на Тетарот „Л. Кабакчиев“ од Казанлак, Република Бугарија.
Свеченото затворање ќе го одбележи настапот на Народниот театар од Штип со драмата „Бегалка“ и доделувањето на наградите за најуспешна претстава , актер и режисер.
Седмиот меѓународен фестивал на античка драма „Стоби 2008“ финансиски е поддржан и од Министерството за култура при Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Холандија.

(26.07.2008)