КУД „Обрешка“ од Република Хрватска во посета на Општина Велес
Претставници на КУД „Обрешка“ од Општина Иваниќ, Република Хрватска, вчера ја посетија Општина Велес. Гостите беа запознати со културно - историското минато на Велес, како и со активностите на Општина Велес за унапредување на културното живеење и создавање услови за развој и работа на невладиниот сектор и културно уметничките друштва што егзистираат на територијата на општината.
При тоа беа разменети меѓусебни искуства и искажани позитивни зборови за степенот на соработка што ја развиваат членовите на културно - уметничките друштва.
КУД „Обрешка“ од Република Хрватска гостуваат во Велес како резултат на воспоставената соработка со КУД „Керамичар“ од Велес.
Во текот на денешниот ден гостите од Хрватска посетија повеќе значајни културно-историски споменици во градот: Локалната установа Народен музеј, родната куќа на Кочо Рацин, црквата „Св. Пантелејмон“ и др.
Вечер во Младинскиот парк со почеток во 20,00 часот за велешката публика и љубителите на добрите народни песни и КУД „Обрешка“ и КУД „Керамичар“ ќе одржат заеднички концерт.

(26.07.2008)