Детски поетски блесоци во чест на Рацин
Страница 1 од 2
Во рамките на 38-то издание на традиционалната манифестација „Детски
Рацинови средби“, делегации од Општина Велес, Општинската организација
на Сојузот на Борците, Манифестацијата „Рацинови Средби’ како и членови
на семејството на Коста Солев Рацин, положија букети цвеќе пред
спомениците на поетот во центарот на Велес и пред гимназијата „Кочо
Рацин“.
Манифестацијата беше збогатена со промоција на книгата „И децата некогаш ќе пораснат“ од Десанка Николова Кузмановска. Во ОУЦП „Блаже Конески“, книгата ја промовираа писателите Тамара и Томе Арсовски.
Во рамките на манифестацијата, во УСО „Димитрија Чуповски“ се одржа ликовно-вајарска работилница на која учествуваа и ученици од Основното училиште за деца со посебни потреби „Маца Овчарова“.
Децата учесници на манифестацијата од дваесетина училишта од Република Македонија, со нивните наставници и ментори ја посетија спомен-куќата на Кочо Рацин каде имаа можност одблиску да се запознаат со неговиот живот и дело. 38-то издание на манифестацијата „Детски Рацинови средби“ го разубавеа творбите на учениците од велешките училишта чија изложба насловена „Училиштата ви се претставуваат“, свечено беше отворена во ликовната галерија. За значењето на Рацин за новите генерации, говореше г-ѓа Марија Настова, раководител на сектор во Општина Велес која ја отвори изложбата.
- Пред
- Следно >>