„Лисистрата“ на Аристофан на третата фестивалска вечер во Стоби
На третата фестивалска вечер во древниот Стоби настапи ансамблот на театарот „Л.Кабакчиев“ од Казанлак, Република Бугарија со модерна изведба на Аристофановата комедија „Лисистрата“. Гостите од Бугарија со вешта комбинација на видео презентација, современа музика и танц успешно и ја пренесоа на публиката 2500 години старата и секогаш актуелна тема – мирот и како да се дојде до него.Претставата започнува во 21:00 часот. Влезот е слободен.
Автобусите поаѓаат во 19:30 часот од паркингот пред Основен суд Велес