Општина Велес му даде поддршка на Илинденскиот марш
Велес секоја година е дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 30-ти пат.На својот пат за легендарното Крушево коњаниците се поклонија пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот и заедно со делегација од Општина Велес положија цвеќе.Рано утинава коњаниците го продолжија патот преку Извор и Прилеп до Крушево каде активно ќе се вклучат во обележувањето на 105 годишнината од Илинденското востание.