Оддавање почит пред спомениците на паднатите борци за македонската самобитност

Во сабота на 2 Август 2008 година, со оддавање почит и положување цвеќе пред спомениците на паднатите борци за македонската самобитност ќе бидат обележани двата Илиндена .
Годинава на овој ден се навршуваат 105 години од Илинденското  востание и 64 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.

     Општинската организација на Сојузот на борците на НОБ и Општина Велес, ќе оддадат должна почит кон сите оние кои трајно се вградија во двата Илиндена.

  09:00 - положување цвеќе   пред Спомен -костурницата
  09:30 - положување цвеќе   пред споменикот на  Илинденците
  09:45 - положување  цвеќе   пред споменикот  на Панко Брашнар

Бидете и Вие дел од овој свечен чин!