Заврши турнирот во мал фудбал „Тунел“2008
Синоќа на 31 јули, на спортските терени во Населба Тунел, пред повеќеилјадна публика, се одржаа финалните натпревари на осмиот турнирот во мал фудбал „Тунел“2008. Масовната посетеност и спортската атмосфера се потврда за успешната организација на овој значаен спортски настан што традиционално се организира во чест на празникот Илинден под покровителство на Градоначалникот на Општина Велес.Оваа година во периодот од 04-31 јули на турнирот се одиграа 48 фудбалки натпревари, а учество земаа 20 екипа од Општините Велес, Скопје, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кадино село.
Во натпреварот за трето место се состанаа екипите на „Скопје“ од Скопје и „Пододекор“од Велес. Екипата „Скопје“ од Скопје со постигнат резултат 7:3 го освои третото место на турнирот.
На завршната вечер беа прогласени и најдобрите поединци на турнирот:
-најдобар голман Сашко Паунов, „Кец“
-најдобар голгетер Игор Николовски, „Скопје“
-најдобар фудбалер Зоран Левески, „Скопје“
На најдобрите екипи и поединци им беа доделени парични награди, пехари, дипломи и спортска опрема. Наградите на добитниците ги врачуваше Градоначалникот на Општина Велес, господинот Аце Коцевски и претседателот на Сојуз на спортови Велес, Зоран Ѓуровски.
Во рамките на илинденското спортско празнување се одржа и четвртата атлетска трка на која учество земаа над 40 најдобри атлетичари на средни и долги патеки во сениорска машка и женска категорија.
Сениори:
1.Трпе Мартиновски АК „Делта“ Скопје
2.Срѓан Милошевски АК „ Изгрев“ Велес
3.Перо Тодоровски АК „Алфа Омега“ Скопје
Сениорки:
1. Ениса Тасевска АК „Делта“ Скопје
2. Весна Кираџиева АК „Делта“ Скопје
3. Катерина Димовска АК „Делта“ Скопје