Обележан националниот празник 2-ри Август - Илинден
Годинава се навршуваат 105 години од Илинденското востание и 64 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. По тој повод во организација на Општинската организација на Сојузот на борците на НОБ и Општина Велес, беа посетени спомениците на великаните и беше оддадена должна почит на борците за македонската самобитност. Свежо цвеќе беше положено пред Спомен – костурницата, пред споменикот на велешките војводи Илинденци и споменикот на Панко Брашнар.
(02.08.2008)