Индустриската зона „Речани 2“ подготвена за инвестиции

ImageНа редовна прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски ги информираше новинарите за завршувањето на проектот за изградба на инфраструктура во индустриската Зона Речани 2. Во рамките на проектот реализиран во соработка со Европската агенција за реконструкција асфалтирани се 8000 м² патишта и над 2000 м ивичњаци. Проектот е реализиран со средства од наградата што Општина Велес ја доби од  Европската Унија. Вкупната вредност на проектот е 197 000 €.  „Очекувам оваа индустриска зона да го привлече интересот на домашните и странските инвеститори“, рече градоначалникот Коцевски.

 

Image Image 

 (05.08.2008)