Моќен театар со нов свет на емоции
Љубителите на театарската уметност имаа несекојдневна можност, во
рамките на манифестацијата „Велес, град на културата“ да проследат една
по многу нешта необична театарска претства. „Последниот маж, последната
жена“ на Јордан Плевнеш, во режија на Димитар Станковски ги надмина
сите очекувања на публиката удирајќи ја со хармоничен и толку силен
свет на емоции, што тој моќен театар сеуште го чувствуваат сите што
имаа можност да ја видат и да ја доживеат претставата.
Восхитува
начинот на кој режисерот Димитар Станковски успеал да создаде совршено
хармонична целина и да ја претстави длабоката трагедија на
македонштината, отворено понудена во уметничката македонска душа што со
зборови ја исткаја Јордан Плевнеш.
Актерите Васил Зафирчев и Сашка Димитровска уште еднаш ја потврдија театарската моќ на екипата на незаборавната „Елешник“. Со невидена способност да владеат со секој миг на сцената и со иста енергија да не внесат во светот на емоциите, Зафирчев и Димитровска ни подарија посебно задоволство. Претстава што долго ќе ја паметиме.
„Последиот маж, последната жена“ е копродукциски проект помеѓу театарот „Ефемерид“ од Руан, Франција и екипата на режисерот Станковски. Се подготвувала 23 дена во Руан, а премиерата се случи на 31 март и на 1 април во театарот „Ефемерид“. Велешката публика имаше можност пред претставата да го проследи документарниот филм „Последниот маж, последната жена во Каиро“, во режија на Константин Котевски, посветен на гостувањето на претставата на фестивалот во Каиро.