Советот да се деблокира во интерес на Велешани
„Општината не смее да трпи поради различни политички ставови. Политиката е политика, но граѓаните имаат право да очекуваат работа од членовите на советот. Тие се должни пред се да ги бранат интересите на граѓаните“, порача на прес конференција градоначалникот Аце Коцесвки кој најави дека очекува до крајот на неделава Советот на Општина Велес да се деблокира и членовите на советот да и се вратат на работата во интерес на велешани.
(05.08.2008)