Заштеда на енергија во ООУ „Васил Главинов“

ImageСо реализација на проект поддржан од УСАИД, Општина Велес во ООУ „Васил Главинов“ постави 17 прозорци, во шест училници и ходникот во приземјето на училишната зграда. За проектот УСАИД обезбеди околу 1,5 милиони денари, Општина Велес 150 илјади, а училиштето околу 64.000 денари. Со реализацијата на проектот се очекува заштеда на енергија за 10% и намалување на бучавата во училиштето.