Висок претставник на УСАИД во посета на Велес
Михаела Берет, Регионален програм офицер во Регионалната канцеларија на УСАИД во Будимпешта и в.д. Директор на Мисијата на УСАИД во Република Македонија, на 7-ми август ја посети Општина Велес. Во рамките на посетата госпоѓа Берет оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски. Поддршката на Американската Агенција за меѓународен развој во процесот на децентрализација, значајните проекти реализирани во Велес и во Македонија, поддршката на ЗЕЛС и Државната програма за спречување на корупцијата беа само дел од темите на средбата со градоначалникот Коцевски, на која присуствуваа и претставници на Мисијата на УСАИД во Македонија.
„Би сакала да ја видам големата слика, да утврдам кои проекти функционираат и можат да се спроведат и во други места. Ние ја поддржавме Општина Велес, но постигнатите резултати се индикатор и за Вашата работа“, рече Берет која изрази задоволство од степенот на изграденост на капацитетите на Општина Велес. „Американската агенција за меѓународен развој има огромен придонес за тоа што денес се случува во Велес и воопшто во процесот на децентрализација во Република Македонија“, рече градоначалникот Коцевски кој упати огромна благодарност до УСАИД, Владата и граѓаните на САД кои досега инвестираа 500 милиони долари во Македонија.
Претставниците на УСАИД го посетија Граѓанскиот сервис центар отворен со нивна поддршка, салата за електронско одвивање на седниците на советот, салата за комуникација со јавноста и Општинскиот образовен портал. Тие го посетија и ООУ „Васил Главинов“ каде во тек е реализацијата на проект за енергетска ефикасност поддржан од УСАИД.