Честитка по повод празникот на Св. Вмч. Пантелејмон, заштитникот на Велес

ImageПо повод христијанскиот празник Св. Вмч. Пантелејмон, градоначалникот Аце Коцевски упати честитка до Митрополитот на Повардарската Епархија, господин Агатангел, свештенството и граѓаните православни верници.

„Со голема благодарност за Вашиот сесрден придонес во негувањето на духовните и историските вредности на Велес, Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, Вам, на свештенството во Повардарската Епархија и на сите верници, Ви го честитам празникот  на Светиот великомаченик Пантелејмон, заштитникот на Велес и Повардарието,  со желба неговата сила како духовно воздигнат  човекољубец и хуманист  да ни биде крепост во сите предизвици во животот“.
 
(08.08.2008)