Средба со Министерот за образование

ImageВо интерес на изнаоѓањето на решение за проблемите во образованието во Општина Велес, Градоначалникот Аце Коцевски на покана од Министерството за образование и наука, оствари средба со Министерот Перо Стојановски. Во фокусот на вниманието беше проблемот со недостиг на кадар за отворање на паралелка на албански наставен јазик во гимназијата „Кочо Рацин“. „Ги усогласивме ставовите во врска со отворањето на паралелка на албански јазик во гимназијата.


На родителите ќе им понудиме две опции: Да прифатат настава на албански јазик со онолкав број на наставници колку што ќе се пријават на конкурсот или да прифатат Министерството за образование и наука да ги покрие трошоците за престој и превоз на учениците до општините каде се изведува настава на албански јазик со соодветен кадар“ изјави за медиумите Коцевски.

Со цел да се разговара директно со родителите, на 13 август, Министерот Стојановски и градоначалникот Коцевски ќе остварат средба и со родителите на учениците запишани во паралелката на албански јазик во велешката гимназија. Тие ќе разговараат и со Училишниот одбор а ќе ги разгледаат и другите актуелни проблеми во образованието во Општина Велес.

(12.08.2008)