Проектот за домување на Хабитат пред старт
Стартот на проектот на Хабитат за изградба на објекти за домување за лица кои живеат во субстандардни услови доцни од објективни причини, изјави за медиумите градоначалникот Аце Коцевсски кој напомена дека стартот на изградбата е пролонгиран со цел да се заштитат правата на граѓаните кои ќе добијат станови од евентуалните проблеми што би ги предизвикала разликата во курсот на доларот. Сепак, очекуваме наскоро да започне изградбата на објектите, рече градоначалникот.
Според последните информации, проектот предвидува изградба на 90 станови во вкупно 11 објекти со вкупна површина од 4698 м² . Во првата фаза ќе се градат 24 станови на површина од 1200м²
(12.08.2008)