Средба на министерот за образование и наука со градоначалникот на општина Велес

ImageНа ден 11.08.2008 година, министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски, во просториите на министерството се сретна со градоначалникот на општина Велес, г-дин Аце Коцевски. Повод за средбата беа актуелните проблеми поврзани со паралеката на албански јазик во гимназијата “Кочо Рацин” во Велес. Во текот на разговорот министерот и градоначалникот изразија подготвеност да ги обезбедат сите потребни предуслови за наставата нормално да започне на 01.09.2008 година.

Во врска со ова министерот го изјави следново: “Ние како министерство за образование и наука, со воведувањето на законот за задолжително средно образование, сме должни да го обезбедиме превозот на учениците или престојот на учениците онаму каде што тие Ќе ја реализираат наставата”. Во тој контекст, градоначалникот го изјави следново: “Мило ми е што имаме еднакви позиции со министерот за образование и наука. Го поддржуваме правото на децата албанци да учат на својот мајчин јазик и Ќе направиме сé како држава и општина за да дојде до тоа”.

Во текот на разговорот беше потенциран проблемот со наставниот кадар кој Ќе ја реализира наставата на албански јазик во гимназијата. Министерството за образование и наука изрази подготвеност, доколку се пријави наставен кадар, наставата да биде овозможна на албански јазик. Но, доколку не се пријави,  тогаш ќе им се понуди на родителите да ги запишат учениците во соседните општини, каде што се реализира наставата на албански јазик. Министерството Ќе им го овозможи престојот, односно  патните трошоци на учениците. Во таа насока, градоначалникот изрази загриженост за обезбедување на квалитетен и компетентен стручен кадар, имајЌи го предвид минатогодишниот конкурс за избор на наставници на кој бил пријавен само еден наставник.

За ова прашање ќе се разговара на заедничката средбата со родителите на учениците албанци која треба да се одржи оваа среда (13.08.2008) во Велес.

Извор: www.mon.gov.mk