Спортска атмосфера во Дворови
На спортските терени во месноста „Дворови“ продолжија натпреварите во мал фудбал за пионери во организација на урбаната заедница „Дворови“ а под покровителство на Општина Велес. По петнаесетина дена натпреварување, осум најдобри екипи од групите ќе ги продолжат понатамошните натпревари:
Понеделник, 18 август:
„Златни класја“ - „Сам Вел“
(„Ќерамидна“ - „Дворови“
Вторник, 19 август:
„Сафет Сушиќ“- „Каме Комерц“
Телевизија „Здравкин“ - „Мики Вел“
Полуфинални натпревари се закажани за четврток, 21 август, а финалето ќе се игра во сабота, 23 август.
Сите натпревари започнуваат во 19,30 часот, на спортските терени во населбата ,„Дворови“ во Велес.
Се очекуваат интересни и неизвесни натпревари и богата програмска содржина на денот на одигрувањето на финалните натпревари
(15.08.2008)