Заврши четвртото мерење на капацитетите на македонските општини

ImageПо четврти пат општина Велес покажа најдобри резултати во мерењето на Индексот на капацитет на Општините што од 2005 година наваму го врши Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Методологијата опфаќа мерење на капацитетите за финансиски менаџмент, капитално кредитирање и буџетирање администрирање со даноци, локален економски развој и транспарентност и отчетност.

Во четвртото мерење извршено во мај и јуни годинава. Просечниот резултат на општините е 29,72 поени.

Општина Велес има 68 поени.

Поединечните резултати на општините се движат од 8 до 68 поени што според градоначалникотАце Коцевски, зборува за големите разлики во развојот на општините во Македонија.

„Заедно со сите награди и признанија што ги добивме во изминатиот период ова е уште една потврда на капацитетите на Општина Велес како општина за пример во процесот на децентрализација во Република Македонија“ изјави за медиумите градоначалникот Коцевски.
 
(21.008.2008)