Иницијативи - Младинскиот парк да го носи името на Тоше Проески

ImageГрадоначалникот Аце Коцевски на прес конференција најави дека на наредната седница на Советот на општината ќе покрене иницијатива реконструираниот Младински парк да го носи името на најголемата македонска поп звезда Тоше Проески. Предлагам во име на човечноста, љубезноста и благородноста на Тоше Проески, Младинскиот парк да го носи неговото име и да стане симбол на хуманите вредности на човештвото.

 

Коцевски најави дека на седницата ќе достави и предлог за преименување на локалната библиотека во „Бели Мугри“ во чест на Рацин и неговата бесмртна мала но грандизна стихозбирка.

На седницата, градоначалникот ќе поднесе и предлог за подигање на спомен обележје на бранителите од конфликтот во 2001 година кое би било лоцирано во Младинскиот парк.

(21.08.2008)