Строги казни за загадувачите на животната средина

Image„Општина Велес ги известува граѓаните дека започна со примената на новиот Закон за управување со отпад кој пропишува парични казни за загадувањето на животната средина.

- Со 30 евра во денарска противредност се казнува оставање, фрлање и напуштање на пакувања, отпушоци, храна,  пластичен отпад, искористени возила и остатоци од нив, електрични уреди, батерии, акумулатори и друг отпад на подрачјето на општината.
- Со 50 евра во денарска противредност се казнува фрлање отпад во природата и на патиштата како и фрлање на градежен шут во урбана средина.
- Со 70 евра во денарска противредност се казнува фрлање на градежен шут, отпадни масла и отпадни гуми во природата и на патиштата.
- Со 100 евра во денарска противредност се казнува фрлање на отпад покрај реки, езера, бари и други водни површини.
- Со 150 евра во денарска противредност се казнува палење на отпад во контејнери и урбана средина.
- Со 200 евра во денарска протвредност се казнува палење на отпадни гуми, отпадни масла и друг отпад на патиштата и во природата.

Инспекторите на Општина Велес во соработка со Секторот за внатрешни работи секојдневно се на терен и веќе се изречени казни за несовесните граѓани.

Општина Велес апелира до граѓаните да се однесуваат совесно кон животната средина и да придонесат за живот во здрава и чиста средина за сите граѓани.
За несовесните граѓани, кои не го почитуваат законот и не се грижат за животната средина, паричните казни ќе се изрекуваат за секој прекршок, без исклучок“.
 
(22.08.2008)