ПЕХАРОТ ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ЗА „РАБОТНИК“ ОД ЛОЗОВО
По повод големиот православен празник ,,Голема Богородица,, под покровителство на Општина Велес, а во организација на Урбаната заедница ,„Превалец“ на фудбалскиот терен во деновите 27 и 28 август се одржа традиционалниот турнир во голем фудбал за пионери „Превалец 2008“.
На турнирот учествуваа четири екипи, а првото место и големиот пехар го освои пионерската екипа на „Работник“ од Лозово која во финалето ја победи екипата на „ Сафет Сушиќ“ од Оризари со 4:2 по изведувањето на пенали.
На второ место е екипата на ,,Сафет Сушиќ,, додека третото место го поделија екипите на „Бирлик“ и „Превалец“ од Велес.
Во рамките на турнирот се одигра и ревијален натпревар во женски фудбал помеѓу екипите на „Борец“ од Велес и „Работник“ од Лозово.
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и преставници од урбаната заедница Превалец на најдобрите екипи им врачија награди.
Турнирот помина во одлична атмосфера, а беше следен од одреден број на граѓани, љубители на фудбалската игра.