Првиот училишен ден донесе нова енергија во Велес
588 првачиња од Велес за првпат седнаа во училишните клупи. Во основните училишта во Општина Велес новата учебна година ја започнаа 5153 ученика. Им се придружија 2368 средношколци од кои 774 запишани во прва година средно образование. Првиот училишен ден во Велес помина во динамична и пријатна атмосфера во сите основни и средни училишта. Градот што полека прераснува во вистински универзитетски центар ги отвори вратите и за студентите на дисперзираните студии.
Први септември со атмосферата вети година на нови образовни достигнувања. Новина оваа година е што средното образование стана задолжително.
Општина Велес на сите ученици им посакува многу успех и нови знаења во учебната 2008/2009 година.
(01.09.2008)