Делегација на Советот на Европа, ЗЕЛС и општините во посета на Велес
Во рамките на проектот „Етика на локално ниво“ што ЗЕЛС го спроведува во соработка со ЕУ, Советот на Европа и Министерството за локална самоуправа, во периодот 01-04 септември, во работна посета на Општина Велес престојува делегација на Советот на Европа, ЗЕЛС и општините Штип, Струмица, Карбинци и Илинден.
Целта на посетата е да се направи проценка на степенот на примена на етичките стандарди во секојдневната работа на општината. Проектот е насочен кон зголемување на транспарентноста, професионалноста, отчетноста, учеството на граѓаните и борбата против корупцијата.
Членовите на делегацијата остварија средба со градоначалникот Аце Коцевски, а според агендата и во наредните денови ќе остварат низа средби со вработените во општинската администрација, претставници на јавните претпријатија, локалните институции и установи, здруженијата на граѓани и бизнис заедницата.
(02.09.2008)