Точки на дневен ред спротивни на законот
„Предложените точки на дневен ред на претстојната 70-та седница на Советот на Општина Велес за разрешување и именовање на членови на Училишните одбори во основните и средните училишта е спротивна на законите за основно и средно образование“, изјави градоначалникот Аце Коцевски. „Поради незаконитоста на предлог – решенијата, нема да ги потпишам доколку се усвојат на седницата и ќе покренам постапка пред Уставниот суд“, рече Коцевски. Тој напомена дека членовите што евентуално ќе бидат разрешени имаат право согласно Законот за спречување на корупцијата да покренат судска постапка.
(03.09.2008)